26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривични пријави против две лица што со нож ограбувале таксисти

Секторот за внатрешни работи Скопје – единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција во Гази Баба, по целосното документирање, ќе поднесе кривична пријава против двајца 18-годишни лица од Скопје поради основано сомнение дека извршиле четири кривични дела разбојништво.

„Пријавените кривичните дела ги извршиле во декември годинава врз такси-возачи од разни такси-компании, на идентичен начин, односно се качувале во такси-возила, барале да се превезат до скопското село Брњарци и во сите случаи со закана со нож од такси-возачите барале пари“, се наведува во соопштението.

По преземените мерки и активности, дојдено е до сознание дека извршители на кривичните дела се пријавените лица поради што двете лица се приведени.

Со наредба од Основен суд Скопје 1 Скопје извршени се два претреса во Скопје. На 19.12.2018 година во Полициската станица Гази Баба во присуство на јавен обвинител од страна на оштетените извршено е препознавање на пријавените.