25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ал-Шабаб ѝ објави војна на ИСИС во Сомалија

Лидерите на Ал-Шабаб објавија 42-минутно видео во кое ја обвинуваат Исламската држава (ИСИС) за уништување на тековниот џихад во Сомалија.

Портпаролот Али Мохамад, попознат како Али Рејџ, ги повика своите борци да ги напаѓаат борците на ИСИС.

Мохамад изјави дека борците на ИСИС само го спречуваат џихадот.

ИСИС почнаа со поголеми напади во Сомалија кога групата го загуби калифатот во Сирија и Ирак минатата година.

Милитантите постепено се движат од северна кон јужна Сомалија.