17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир

На вчерашната церемонија, премиерите на Република Македонија и на Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, беа официјално промовирани за кандидати за Нобеловата награда за мир за 2019.

Промоцијата ја изврши добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 – Уидед Бушамауи од Тунис. Во својата свечена реч таа истакна дека е почестена што ги номинира Заев и Ципрас.

„Ова не е признание само за нив, туку за сите граѓани на Македонија и Грција. Договорот од Преспа е пример и порака за сите како со дијалог може да се реши сè“, додаде Бушамауи. Договорот од Преспа, во кој потписниците и медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. И генералниот секретар на ОН, Гутереш, деновиве повторно го истакна тој договор како пример што може да биде модел за решавање на проблемите во светот“, вели Бушамауи.

Номинацијата ја поддржа и европратеникот Стелиос Кологлу, кој во своето воведно излагање рече дека решението за спорот за името е единствената добра вест што доаѓа од Европа овие денови. Тие ја занемарија домашната политичка пресметка и книжење националистички поени на двете страни на границата на сметка на заеднички напредок и подобро утре за сите. Договорот од Преспа им овозможува на двете страни да гледаат напред, а не зад себе.