5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина легендарниот фризер – Ги “средуваше” познатите естрадни ѕвезди

Невозможно е да се зборува за модата без да се спомене легендарниот фризер Орибе, кој почина на 62-годишна возраст.

Во 1992 година тој направи вистински бум на модната ревија на „Шанел“, а исто така и следната година. Тој е роден во Куба во 1956 година како Орибе Каналес, и секој го познаваше како бунтовник кој сака да ги урива трендовите. Тој соработуваше со познати имиња како што се Стивен Мејсел, Ричард Аведон, Џани Версаче и Ани Лебовиц. Исто така, жените го обожаваа, меѓу кои и Наоми Кемпбел, Линда Евангелиста, Синди Крафорд и многу други.

Зад себе го остави легендарниот салон на Петтата авенија, кој го отвори во 1991 година. Неговите клиенти беа Ријана, Лејди Гага, Пенелопи Круз и многу други познати дами. Соработката со Џенифер Лопез беше пресвртна точка во неговата кариера, бидејќи од тој момент тој престана да биде обичен фризер и стана вистинска холивудска ѕвезда и големо име во светот на славните. Со Џенифер Лопез патуваше низ светот скоро една деценија.

На својот инстаграм-профил пејачката објави цела галерија фотографии со познатиот фризер и изрази благодарност за сиот труд што го вложил и рече дека тој е заслужен за тоа што е денес. Тие соработувале 10 години, а фризерот се појавува и во видеото за еден од нејзините најголеми хитови „Jenny from the block”.

Многу познати дами споделија свои фотографии со фризерот со зборови на благодарност и жалење што оставанале без член на семејството и голем пријател.

Спонзорирано: