13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Никола Димитров мора да си замине од МНР

Никола Димитров мора да си замине од Министерството за надворешни работи заради морална, професионална и политичка одговорност.Димитров го урива угледот и достоинството, ја обесчестува функцијата МНР, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Димитров не ги штити и работи спротивно на национални и државни интереси, што е спротивно на заклетвата дадена во Собранието кога ја презеде функцијата. Притоа си дозволува да го навредува македонскиот народ. По јавно изречената навреда на Димитров дека македонскиот народ е искомплексиран народ, народ со комплекси, несигурен во себе и тоа од највисокиот дом на демократијата во Република Македонија, од собраниска говорница, Димитров сериозно го доведува во прашање неговиот кредибилитет како министер кој што треба да ја претставува и да ја штити нацијата и државата надвор од државните граници. Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Тоа сето е дело на Никола Димитров, вели Стоилковски.

,,Останувањето на ваков Министер за надворешни работи, сметаме дека е намерно нанесување срам на Република Македонија и девастирање на угледот на државата. Никола Димитров е најголемиот срам за Република Македонија. МНР со Никола Димитров претставува најголемиот срам за Република Македонија. Колку и да му е одбивна нацијата која што ја претставува, колку и да се срами од народот чиј што министер, колкава и да му е личната желба да ги поништи, да ги избрише своите корени, функцијата која што, за жал, Димитров ја претставува, не смееше да прифати погазување на националните и државните интереси и прифаќање на сите антинационални условувања која што друга земја му ги наметна.

Димитров ја поткопа државата, ја доведе Република Македонија во подредена положба кон друга држава. Тоа е велепредавство, тоа е капитулација! И затоа Никола Димитров мора да си замине! Никола Димитров го нанесе најголемиот удар и срам за македонскиот народ и тоа од позиција на министер на собраниска говорница. Наместо да го чува неговото достоинство, тој со сиот државен, владин габарит, дрско го нарече македонскиот народ ИСКОМПЛЕКСИРАН. Па Димитров, дали е ова твој личен став или став на оваа Влада на Република Македонија? Ниту Димитров се извини, веројатно горд на своите зборови, а ниту пак Владата се огради од неговиот став! Па ако е ваков ставот на Димитров и на Владата, какви ли насоки добиваат македонските дипломатски претставништва во светот? Ете затоа Димитров мора да замине!

Но, тука не застанува дрскоста на Димитров. Во последното обраќање во парламентот, повторно од говорница повторно упати лага, дека фингираните дебати на кои за 20.000 денари избрани послушници кои исто како Димитров не штедат навреди по Македонскиот народ, го фалеа капитулантското дело, а сега тој се обидува да го протне дека капитулацијата според тие дебати фингирани била прифатлива за народот. Но, Димитров, сметаш ли дека народот дека заборави на пропаднатиот референдум за твојата капитулација? Референдум за ткн. договор, потпишан од страна на министер во име на-не знаеме кого, бидејќи не го пишува името на нашата држава, со кого се прават системски измени во Уставот на Република Македонија. Димитров со него ја доведе Република Македонија во подредена положба и за ова, Димитров мора да си замине!

Димитров, крајно време е да прифатиш дека твојата ДОМАТ дипломатија е целосно спротивна и на заклетвата и на функцијата и на националните и државните интереси. Твоето министерување е нанесување срам на државата и на народот. Го навредуваш народот од чии пари земаш плата, уживаш во привилегиите, го школуваш семејството надвор од Република Македонија. И Оставка понуди и повторно излажа. Е сега е време е да си одиш! Република Македонија не заслужува да се срами од својот министер шеф на дипломатијата”, рече Стоилковски.

Спонзорирано: