5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Шји Џјинпинг: Кина од сиромаштија до втора светска сила за 40 години

Кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, вети дека неговата земја ќе ја продолжи политиката на отвореност кон светот, додека ја фалеше економската политика, која ја претвори Кина од една од најсиромашните земји во светот во втора најголема економска економија за само 40 години.

Шји вчера одржа говор на собир на кој беше одбележана 40-годишнината од кинеските реформи и отворања, концепт што ја опишува политиката што воведе некои делови од пазараната економија со задржување на еднопартиската власт во земјата.

Тоа што сега е познато како капитализам со кинески карактеристики, во 1978 година го воведе поранешниот кинески комунистички лидер Денг Шјаопинг.

Денг е познат по отворањето на Кина кон странски, главно земји извознички, од длабоката сиромаштија, која е резултат на катастрофалните политики на Мао Ѕе Дунг.

Во моменти кога Кина е во трговска војна со САД, што остава трага на кинеската економија, Шји повеќепати го повтори ветувањето дека ќе продолжи отворањето на кинеската економија.

Спонзорирано: