3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Два града од регионот на листата на светски градови кои мора да ги посетите

Нови Сад во Србија и Задар во Хрватска се најдоа на листата на светски градови кои мора да ги посетите во 2019 година, според веб-страницата за туризам „Лонли планет“.

На прво место на листата е Копенхаген, Данска, додека на второ место е кинескиот град Шенжен. На трето место е Нови Сад.

„Лонли планет“ наведува дека Нови Сад не е толку познат како главниот град Белград, но дека е помодерен. Се наведува дека Нови Сад е познат и како „Српска Атина“ и дека градот е домаќин на популарниот музички фестивал „Егзит“ што се одржува на Петроварадинска тврдина. Исто така, се наведува дека градот има богата уметничка и музичка сцена и дека е ориентиран кон младите. Во 2019 година токму Нови Сад ќе биде европска престолнина на младите.

Следни на листата се Мајами во Флорида, Катманду во Непал, Мексико Сити, Дакар во Сенегал, Сиетл во САД, Задар во Хрватска е на 9. место, а Мекнес во Мароко е на 10. место.

Спонзорирано: