20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Студентите во Сплит замолени да понесат цврста подлога оти немало клупи

Студентите на Филозофскиот факултет во Сплит, Хрватска, биле известени за датумот за одржување на колоквиум и притоа ги замолиле со себе да понесат цврста подлога за пишување, бидејќи во предваланите немало клупи.

„Првиот колоквиум ќе се одржи в четврток на 20 декември во 12 часот во предавалната со број П8. Со оглед на тоа дека таму нема клупи, ги молиме студентите да понесат некоја поцврста подлога на која ќе можат да пишуваат“, стои во известувањето до студентите.

„Индекс.хр“ пишува дека во септември свечено биле отворено реновираните простории на факултетот, но очигледно недостигаат основни работи како што се клупите.

Спонзорирано: