17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тереза Меј: Нов референдум за брегзит би ја скршил вербата кај Британците

Одржувањето на уште еден референдум за ЕУ ќе ја прекине вербата кај британскиот народ, британската премиерка Тереза Мај ги предупреди пратениците, објави Би-би-си.

Поранешните премиери Џон Мајор и Тони Блер се меѓу оние кои повикуваат на нов референдум ако пратениците не можат да се договорат за напредок.

Според Меј, тоа би направило непоправлива штета на интегритетот на британската политика и би ја оставило земјата без напредок.

Минатата недела таа го отповика гласањето во парламентот за нејзиниот договор за брегзит, со образложение дека, најверојатно, тој ќе биде силно отфрлен.

Поранешниот премиер Тони Блер минатата недела рече дека по 30 месеци преговори и со влада која е во хаос, давањето последен збор на народот ќе стане логичен исход доколку секоја друга опција е исцрпена.

Спонзорирано: