13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Свештеник од САД на погреб рекол дека починатото момче нема да оди во рајот зашто се самоубило

Родителите на тинејџер кој извршил самоубиство доживеале тежок шок кога свештеник за време на погребот го критикувал нивното дете поради тоа што си го одзело животот, објави Си-ен-ен.

Католичкиот свештеник Дон ЛаКуст на погребот пред сите присутни изјавил дека се сомнева оти за починатиот Мејсон Хулибаргер (18) ќе има место во рајот.

По ова, надлежната црква во Детроит му забранила на свештеникот понатамошно спроведување на погребната должност, но семејството на момчето бара тој да биде отпуштен.

Во христијанството самоубиството се смета за непростлив грев. Меѓутоа, католичката црквата неодамна одреди некои исклучоци и дозволи прошка ако самоубиството се изврши поради тешки и стресни ситуации.

Мејсон Хулибаргер од Мичиген си го одзел животот на 4 декември.

Неговите родители Џеф и Линда Хулибаргер верувале во добрите намери на нивниот свештеник.

„Сакавме погребот да биде сеќавање на неговиот живот, а не да се зборува за тоа како починал“, изјавила Линда Хулибаргер.

„Но, тој го омаловажи нашиот син и го нарече грешник. Кажа дека е дискутабилно дали Мејсон доволно се покајал за да биде примен во рајот“, додала таа.

Покрај тоа, родителите биле вознемирени од фактот што на погребот, спротивно на нивните желби, присуствувал и рагби-тренерот на нивнот син, кој често психички го малтретирал.

Родителите Џеф и Линда не се задоволни со одлуката на црквата и сметаат дека свештеникот треба целосно да биде разрешен.

Спонзорирано: