7.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Градот ќе издвои повеќе пари за животна средина, зеленило и социјала

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе го разгледува предлог-буџетот за 2019 година и Планот за програми за развој за 2019-2021 година, односно развојниот дел на буџетот на Град Скопје.

Со предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година се предлага максимален износ од 6,5 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во планираните средства влегува и дел од вишокот на приходи остварен од минати години во износ од 1 милијарда и 21 милиони денари.

,,Во структура на вкупно планираните приходи најголем процент на учество имаат даночните приходи со 38%, приходите од дотации со 25%, неданочните приходи со 7% и капиталните приходи 8%.Планираните приходи и другите приливи по поединечните буџети од кои е составен вкупниот буџетот на Градот Скопје за 2019 година, е следното:

-Основен буџет – 4,4 милијарди денари;
-Буџет на дотации – 1,6 милијарди денари;
-Буџет на самофинансирачки активности – 304 милиони денари;
-Буџет на донации – 130 милиони денари;
-Буџетот на кредити – 10 милиони денари;

Предложените проекти во расходниот дел на буџетот на Град Скопје за 2019 година се изготвени согласно со стратешките приоритети на Град Скопје со кои се обезбедува ефикасно извршување на надлежностите и исполнување на потребите на граѓаните. Во предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година приоритет е животната средина и одржувањето на зелените простори, соопштија од Градот.

Според предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година, планирано е зголемување во буџетот за заштита на животна средина, каде што се планирани 186 милиони денари, што претставува речиси 32% повеќе од буџетот за 2018 година во кој за овој сектор беа предвидени 141 милиони денари.

Предложениот буџет на Град Скопје за 2019 година е изготвен согласно со насоките за подготовка на буџетот на единиците на локалната самоуправа – Буџетски циркулар за 2019 година, како и согласно со измените на Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Сите предложени програмски проекти од различните области во рамки на законските надлежности на Град Скопје се планирани внимателно, а во насока на здрава животна средина и воспоставување концепт на одржлив развој, а со тоа и приближување кон политиките на Европска Унија и нејзините принципи.

Зголемување има и во буџетот за социјала, кој за 2019 се предлага да биде 102 милиони денари, во споредба во годинешниов, кој изнесуваше 78 милиони денари. Зголемување има и во делот за изградба на паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Во делот на урбанистичкото и просторно планирање и уредување на градежното земјиште се предвидуваат средства во износ од 1.384.280 денари за капитални расходи, се додава во соопштението.

Спонзорирано: