11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Тројно зголемен бројот на британски компании заинтересирани за влез во Германија

Бројот на британски компании што ја истражувале можноста да основаат свои подружници во Германија годинава се зголемил за трипати поради загриженоста дека брегзит ќе ги загрози снабдувачките канали и пристапот до пазарот на ЕУ, објави денеска германската владина агенција.

Сериозен интерес за основање на свои подружници во Германија годинава пројавиле 172 британски компании, што е трипати повеќе од 2015, односно една година пред Британците да гласаат за излез од ЕУ, покажуваат податоците на германската Агенција за трговија и инвестиции, а пренесува „Ројтерс“.

„Барањата постојано се зголемуваат и тие достигнаа рекордно ниво годинава“, рече претставникот на агенцијата, Аким Хартиг.

Во 2015 година само 50 британски компании покажале интерес за работа во Германија, а во 2016 кога се одржа референдумот за брегзит нивниот број се зголемил на 77, додека, пак, во 2017 година на 111 компании.