15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Ги јакнеме капацитетите на општините за учество во економскиот развој

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министри во Владата на Република Македонија учествуваше на Конференцијата „Децентрализација: Патот што претстои“, во организација на ЗЕЛС и ОБСЕ.

На конференцијата се говореше на теми кои се однесуваат на процесот на децентрализација, начините за подигнување на капацитетноста на општините и идните правци на соработка помеѓу централната и локалната власт.

„Процесот на децентрализацијата мора да се заокружи на системски начин кој ќе им овозможи на општините да бидат функционални и финансиски стабилни, а од друга страна непречено и квалитетно да ги извршуваат обврските и услугите кон граѓаните“, рече Заев.

Тој оцени дека Владата во период од 18 месеци успеала да ги врати општините и рамномерниот регионален развој високо на својата агенда на приоритети. Премиерот потсети и дека за следната година за рамномерен регионален развој издвоени се 100 проценти повеќе пари во однос на 2017, или за над 50 насто повеќе во однос на 2018 година.

„Наша цел е овие средства континуирано да се зголемуваат се до целосната трансформација и целосното насочување за реализација на Законот за рамномерен регионален развој по кој треба да се обезбедат законските 1 отсто од БДП со зафаќање од капиталните инвестиции кои што би се распределувале според степенот на развиеност во сите плански региони. Знаејќи со какви тешки финансиски проблеми и големи долгови се соочуваа најголем дел од општините Владата на Република Македонија со ребалансот на Буџетот за 2018 со 50 милиони евра вкупен износ на финансиски средства им помогна на општините да сервисираат 50 проценти од својот долг“, истакна Заев.

Целта на ваквиот чекор, како што рече, е да се ослободи развојниот потенцијал на општините кој беше долги години заробен во наталожени долгови и блокирани сметки.

Спонзорирано: