16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсено едно лице во Шведска, планирало терористички напад

Шведската полиција објави дека уапсила едно лице за кое се верува дека подготвувало или поттикнувало терористички напад.

Од полицијата соопштија дека лицето поседувало нелегално оружје.

Идентитетот на уапсеното лице не се соопштува, пренесува „Ројтерс“.

Од полицијата во соопштението наведуваат дека осомниченото лице веќе подолго планирало да изврши напад и дека постојат „меѓународни врски“.

Опасноста од терористички напад останува на зголемено ниво, односно на ниво од три на скала од можни пет нивоа, се додава во соопштението на полицијата.

Спонзорирано: