6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Велешкиот театар со „Синиот портокал“ гостува во Загреб

На покана на Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб, а во програмска соработка со културниот центар „Травно“, од 15-ти до 18-ти декември, Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес ќе гостува во Загреб, Хрватска со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.

Претставата ќе биде изведена во понеделник, на 17-ти декември на сцената на културниот центар „Травно“ со почеток во 18.30 часот и влезот за истата ќе биде слободен.
„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи. Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација.

Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

„Синиот портокал“ е една од најизведуваните претстави на Велешкиот театар со над 40 изведби на репертоарот на театарот, а истата имаше и повеќе успешни гостувања и фестивалски настапи.

Спонзорирано: