4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дали наредивте да се тепаат пратеници на црниот понеделник, го праша обвинителката Трајко Вељаноски

На денешното рочиште за настаните од 27 април, сведочи тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски.

Тој рече дека му кажал на сегашниот обвинет Горан Ѓошевски Леви на 27 април да внимава што се случува поради искуство со поранешни инциденти.

По ова, обвинителката Вилма Рускоска праша Вељаноски: „Дали на 24 декемеври 2012 година по ваша наредба беа истепани опозициски пратеници и изнесени од Собранието?”

Адвокатката на Горан Ѓошевски Леви, Ружица Николовска, приговараше дека прашањето не е вкрстено и е само за провокација за да пишуваат медиумите.

„Не мислев на 24 декември. Тогаш беше нападната функцијата Претседател на Собранието. Беше уништен системот каде што се претседава. Имаше фрлено спајалици и истурено јогурт за да не функционира. Мислев на Правилникот за внатрешниот ред во Собранието, донесен 2011 година, лично од мене, внатрешното обезбедивање да интервенира кога има искри и тепачки меѓу пратениците”, одговори Вељаноски.

Тој рече дека Горан Ѓошевски му бил 9 и пол години лично обезбедување.

„Го наследив како обезбедување на поранешниот претседател, Љубиша Георгиевски”, рече Вељаноски. Експретседавачот кажа дека кога би можел повторно би го избрал Ѓошевски за обезбедувач, зашто одлично си ја вршел работата.