6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Меколи Калкин не сака да ја напушта куќата за време на божикните празници

Меколи Калкин е најголемата детска ѕвезда во историјата на филмската индустрија. Тој се прослави со филмот „Сам дома“ кога имаше само десет години, а благодарение на фактот дека популарноста на филмот не бледнее, Калкин заработува и денес.

https://www.youtube.com/watch?v=5I9oUCmK0uM

Поминаа 28 години откако филмот се појави, но на интернет секоја година се појавуваат нови теории на заговор и детали од снимањето. Инаку, Калкин не сака да го гледа филмот. Неодамна призна во една емисија дека последен пат го видел пред 15 години. Во раната младост тој понекогаш го гледал со девојките со кои излегувал и навистина многу ја користел својата популарност, но сега веќе не го прави тоа.

Калкин за време на божикните празници ретко излегува од дома бидејќи ни 28 години по снимањето неговата популарност не слабее.

„Божик е моето време, време на Меколи. И за тоа сум свесен. Затоа во овој период од годината помалку излегувам од дома и се трудам колку што е можно повеќе да ги избегнувам луѓето. Кога ќе излезам, сите гледаат во мене. Непријатно ми е, се чувствувам чудно“, изјави Меколи во шоуто на Елен Деџенерис.

Спонзорирано: