3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Салвини обвинет дека со објава на „Твитер“ загрозил операција против мафијата

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој е како дежурен на социјалната мрежа „Твитер“, е обвинет дека ја компромитирал полициската акција насочена против мафијашките групи во земјата, поради тоа што прерано ја пофалил на социјалните мрежи.

Салвини најпрво на „Ватсап“, преку својот персонал, а потоа и на „Твитер“ ја објавил веста за апсењето на 15 мафијаши во Торино.

Неколку часа подоцна, главниот обвинител во Торино, Армандо Спатаро, рече дека токму таа порака може да го загрози успешниот исход на акцијата која и натаму е во тек.

„Се надеваме дека министерот за внатрешни работи ќе избегне слични пораки во иднина“, додал тој, а пренесе агенцијата „Анса“.

Салвини на тоа одговори дека обвинителот треба да размисли пред да зборува.

„Секој треба да размисли пред да ја отвори устата. Ако главниот обвинител во Торино е изморен, треба да замине во пензија. Му посакувам на Спатаро среќна иднина како пензионер“.

„Доколку шефот на полицијата во 7:22 часот ми пише информација за операција против мафијата и организираниот криминал, како што тоа редовно го прави, сметам дека сум слободен и се чувствувам почестен да им се заблагодарам и да им честитам на силите за спроведувањето на законот веќе во следната минута“, напишал италијанскиот министер во пораките на „Твитер“.

Спонзорирано: