10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Потпишување на „Меморандум за соработка за заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во Македонија“

Денеска со почеток во 10:15 часот, во Свечената сала на Владата ќе се одржи свеченост за потпишување на „Меморандум за соработка за заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во Македонија“ како и панел дискусија за подобрување на соработката во унапредувањето на стручните занимања во Македонија.

Меморандумот за соработка во име на Владата ќе го потпишат министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за образование и наука д-р Арбр Адеми и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, како и претставници на проекти кои се спроведуваат со поддршка на УСАИД, УНДП и Швајцарската агенција за соработка.

Пред свеченото потпишување на Меморандумот, свое обраќање ќе имаат вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерката Царовска, министерот Адеми, директорот на ФИТР Деспотовски, како и претставници на другите страни потписнички на Меморандумот

Спонзорирано: