12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холандски пензионер не се откажува – бара судот да го подмлади 20 години

Холандски пензионер се жали на одлуката на судот кога ја изгуби битката да му се намалат 20 години од возраста.

Емил Рателбанд бараше судот, место 69 години, да му ја промени возраста во 49 – бидејќи се чувствува 20 години помлад. Холанѓанецот кој на тој начин се надева дека ќе има повеќе среќа и успех во пронаоѓање партнерки преку интернет, сега најавува дека ќе ја обжали одлуката на судот и најавува дека случајот ќе го тера и пред европските судови ако треба.

Пензионерот почна правна битка за да си ја промени возраста законски и да си ги зголеми шансите за наоѓање партнерки. Тој сака да го промени датумот на раѓање од 11 март 1949 во 11 март 1969 година.

„Можете да го промените името, можете да го промените полот, зошто не и возраста“, изјави претходно Рателбанд за „Де Телеграф“. Тој смета дека се чувствува дискриминиран поради возраста бидејќи таа му ги намалува шансите да најде работа, како и успех на социјалната мрежа „Тиндер“.

„Со 69 години јас сум ограничен. Но, ако имам 49, можам да купам куќа, да возам поинаков автомобил, можам повеќе да работам. Кога на ‘Тиндер’ ќе кажам дека имам 69 години, не ми одговараат. Со 49 години ќе бидам во подобра позиција“, смета тој додавајќи дека лекарите му велат дека има тело на 45-годишник. Холандското правосудство првпат се среќава со ваков бизарен случај.

Спонзорирано: