3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Србија има околу 3.600 мигранти, се очекува доаѓањето на нови

Во Србија моментно работат 16 центри за азил и прифатни центри, а во нив престојуваат околу 3.600 мигранти и баратели на азил, потврди заменик-комесарот за бегалци и миграција, Светлана Велимировиќ.

Таа на конференцијата по повод одбележувањето на крајот на проектот „Помош на патот – заштита на човековите права на мигрантите кои минуваат низ Србија и Македонија“, истакна дека има неколку стотици мигранти надвор од сместувачките капацитети.

Овој број постепено се зголемува пред зимата, така што ќе биде потребна широка соработка на сите нивоа за да бидат згрижени во текот на зимската сезона, предупреди Велимировиќ.

Во текот на 2018 година, во Србија во просек имало помеѓу 3 000 и 4 000 имигранти, додека овој број се зголемил на нешто повеќе од 3.800 од октомври, според извештајот за завршување на проектот.

Новодојдените мигранти не остануваат во Србија долго време, туку преку Босна и Херцеговина се обидуваат да стигнат до Западна Европа.

Вкупно 420 деца од мигрантската популација беа запишани во предучилишни установи, основни и средни училишта во Србија, се вели во извештаjот.

Спонзорирано: