17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британските ученици ќе добијат антитерористичка обука

Британските ученици на возраст од девет години ќе бидат вклучени во напорите за национална безбедност во време кога нивото на закана од тероризам останува „високо”.

Плановите за проширување на Програмата за терористички активности на владата, која ги опфаќа учениците на возраст од 11 до 16 години, сега ќе ги вклучува и помладите деца од петто и од шесто одделение, вели висок полициски службеник за „Ивнинг стандард“.

Неименуваниот офицер смета дека секој треба да одигра улога во националната безбедност и дека е важно децата да им помогнат да се идентификуваат сомнителните деца – нешто слично како „шпионите” од 1984 на Џорџ Орвел.

„Мислам дека младите луѓе влијаат на иднината во однос на начинот на кој пристапуваме кон безбедноста. Некои луѓе се загрижени дека би можеле да разговараме со петтодделенци и шестоодделенци, но поентата е дека на младите луѓе им се наметнуваат информации и не треба да се плашиме да влеземе во тој простор”, објаснува полицаецот.

Согледаната потреба дури и деветгодишните деца да играат улога во поддршката на националната безбедност, сигнализира колку е голема борба за Обединетото Кралство да се справи со големата закана од радикалниот исламски тероризам, особено кога околу 23.000 луѓе претставуваат барем „минимален ризик” за јавноста.

Секоја недека, во просек, еден осуден терорист е ослободен од затвор повторно на улиците на Британија, открива истрагата по ослободувањети на озлогласениот проповедник на омраза, Анџем Чудари.

Спонзорирано: