9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Различностите обединуваат – прирачник за деца со Даунов синдром

Едукативен прирачник во форма на приказна за деца со Даунов синдром денеска беше презентиран во ООУ „Јан Амос Коменски“.

Автор на овој едукативен прирачник е Мимоза Петревска Георгиева, мајка на ученичката Илина, дете со Даунов синдром, која е деветто одделение во „Јан Амос Коменски“ и е главен лик во приказната, информираат од општина Карпош по завршувањето на настанот.

Приказната за Иван и Илина ја слушнаа поголем број ученици од ова училиште, во присуство на нивните родители, дефектолозите и наставниот кадар, како и гости од Општината, се додава во соопштението. Изготвувањето на оваа сликовница е инспирирано од секојдневниот живот на Илина, посебно оној дел кој го минува во училиште, како и од односот со нејзините соученици и наставници.

Оваа сликовница, велат оттаму, ќе има за цел да го олесни воспитно-образовниот процес на децата со Даунов синдром и лицата со посебни потреби и истите на полесен начин да се вклучат во наставата. Содржината на овој прирачник ги поттикнува сите ученици да бидат отворени и да имаат разбирање за различностите околу себе – затоа што сите сме различни.

На денешната презентација присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој се осврна на повеќе аспекти.

„Општината ќе продолжи да работи на унапредување на статусот на лицата со посебни потреби. Секој од нас е различен и како такви треба да се прифаќаме затоа што другарството е сé.
Навистина ме радува енергијата на учениците на децата со Даунов синдром и еланот на нивните родители и асистенти, затоа што само заеднички можеме да создадеме подобри услови“, рече Богоев.

Спонзорирано: