21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Информативна сесија за новата програма за прекугранична соработка Македонија-Србија

Во организација на Министерството за локална самоуправа и Министерството за европска интеграција на Република Србија, денеска се одржа информативна сесија за новата програма за прекугранична соработка на Европската Унија.

На оваа инфо-сесија, од страна на државниот советник за европски интеграции во Министерството за локална самоуправа, Мјелма Мехмети-Петерсен, беше претставена програмата за прекугранична соработка, целта на оваа програма, тематските приоритети и специфичните цели, начинот на апликација на општините и другите субјекти на пограничниот регионот, процедурите за јавни набавки, управувањето со финансиите и начините за следење на имплементацијата на проектите.

Во работата на работилницата беа присутни претставници на оперативната структура од српската страна, како и претставници од локалните власти, јавните претпријатија, регионални и локални агенции, како потенцијални апликанти на идните проекти.

Инаку, програмата е финансирана преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија. Програмата го покрива буџетскиот период 2014-2020 година со вкупен износ од 3,5 милиони евра.

Спонзорирано: