17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

НАТО ќе го мониторира Црното Море по провокацијата во теснецот Керч

НАТО ќе продолжи да го проценува своето присуство во регионот на Црното Море каде што бродовите на алијансата спроведуваат рутински патроли и вежби, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, за „Анадолија“.

Таа рече дека веќе има големо присуство на НАТО во Црното Море и дека нивните бродови годинава поминале 120 дена во областа, во споредба со 80 дена во 2017 година.

„Неколку сојузници ја спроведуваат воздухопловната политика на НАТО во регионот, а сојузниците, спроведуваат редовни разузнавачки летови над Црното Море. Имаме и мултинационална бригада под водство на Романија со седиште во Крајова. Три членки на НАТО – Бугарија, Романија и Турција – се приморски држави со свои национални способности распоредени во регионот на Црното Море”, додаде Лунгеску.

Нејзините забелешки дојдоа откако портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Кремљ го смета барањето на Порошенко НАТО да ги распореди своите бродови до Азовското Море за аспект од неговата стратегија за провоцирање на Русија со цел да добие поддршка пред иборите идната година. Според Песков, сè се сведува на изборните и домашните политички интереси на претседателот Порошенко.

Изјавата на Песков следи по интервјуто на Порошенко за „Билд“ во кое рече дека Киев се надева оти НАТО ќе ги испрати своите бродови до теснецот Керч каде што Русија заплени три украински брода кои влегоа сво руските територијални води на 25 ноември.

Британскиот адмирал, лорд Алан Вест, од своја страна, предупреди дека ако НАТО направи таков потег, може да ги зголеми тензиите во регионот по инцидентот во Керч.

„Мора многу внимателно да размислите за распоредувањето на силите близу до Русија. Ако испратиме огромни сили на НАТО, тоа ќе се смета за агресивен став, но би можеле да имаме ограничен број бродови кои се грижат за слободата на навигацијата”, истакна тој.

Спонзорирано: