6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Сакаме да се консултираме со стопанските комори и да ги презентираме нашите економски политики

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одржа средба со Стопанската комора на северозападна Македонија, при што се заблагодари за дадената можност ВМРО-ДПМНЕ да престави дел од оние политики што ги има во партиската програма, која, како што рече, опозициската партија ќе ја објавува чекор по чекор во периодот што следува.

Мицкоски посочи дека целосната содржина на програмата ќе биде објавена пред моментот кога во земјата ќе има предвремени или редовни парламентарни избори.

„Ние сакаме да се консултираме со коморите. Сакаме да ги поддржиме сите оние иницијативи што доаѓаат од страна на коморите во Република Македонија. Се разбира, оние што значат подобрување на економскиот амбиент во Република Македонија, кои значат подобрување на животните услови на сите граѓани во Република Македонија, додадена вредност во квалитетот на нивниот живот“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред почетокот на средбата тој посочи дека на неа ќе го престави гледиштето на партијата за актуелните политики во економијата на моментната влада.

„Ниското ниво на капиталните инвестиции во Република Македонија – вчера слушнавме премиерот како се фалеше во Собранието на Република Македонија со високото ниво на директни странски инвестиции. Еве, денеска, стигна демант од страна на НБРМ, каде што во третиот квартал не само што немаме директни странски инвестиции туку имаме и негативен биланс од 6 милиони евра, така што Македонија ја става во групата држави закованина дното, каде што не постои никаква атрактивност за привлекување директни странски, но исто така тоа ќе повлече и намалување на инвестициската активност и на домашните компании, впрочем“, рече Мицкоски пред средбата.

Тој констатира дека во Република Македонија во моментотг има комплетно лош амбиент, но, според него, она што е пострашно е дека не се гледа визија како понатаму ќе се развива бидејќи нема проекти на среден и долг рок.

Спонзорирано: