5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Институциите и граѓаните се под целосен надзор на Заев и Спасовски

Секогаш кога СДСМ е на власт, во Република Македонија се прислушува, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, и додаде дека во земјата во моментот незаконски се прислушува.

Како што рече тој, институциите и граѓаните се под целосен надзор на Заев и Спасовски.

„Јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора уште веднаш да поднесе одговорност со оставка. Денеска, кога СДСМ е веќе една и пол година на власт, се соочуваме со скандал за прислушување кој е премногу сериозен и отвора прашања за независноста и професионалноста на работењето на Јавното обвинителство. Неколкупати кажавме дека Јавното обвинителство постапува по одредени политички цени“, нагласи партискиот портпарол.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое незаконско прислушување што ја нарушува приватноста на граѓаните и служи за контрола и закана врз институциите.

„Ова е скандал кој мора веднаш да се расчисти и актуелната Влада да преземе одговорност. Отворено се сомневаме дека во моментот не се следат комуникациите само на криминалните банди поврзани со картелот на власт. Бараме одговор и од новоформираната ОТА и од надлежните судови и од ЈО и од УБК дали во моментот функционира системот за следење на комуникациите и дали воопшто се постапува барем по една наредба од надлежните органи за документирање на криминалитие на мафијашките кланови“, истакна Арсовски, кој додаде дека секогаш кога се случува скандал со нелегално прислушување, замешани се кадри од СДСМ.

Спонзорирано: