5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата спречила 13-годишно девојче да стапи во брак

Израелската полиција спречила двајца малолетници да се венчаат во округот Меа Шеарим во Ерусалим, каде што живеат ултраортодоксни Евреи, пренесуваат израелските медиуми.

Полицијата притворила две жени и четворица малолетници од покривот на една зграда во тој кварт, каде било планирано да се одржи венчавка.

Во полициска станица била одведена и 13-годишната несудена невеста. Татко ѝ ја пријавил како исчезната уште пред два месеца.

Властите се сомневаат дека мајката ја криела својата ќерка до денот на венчавката. Мајката била испрашувана под сомневање дека прекршила законска забрана и направила низа други престапи, кои во полициското соопштение не се споменати.

Полицијата својот извештај го доставила до социјалните работници.

Не е соопштено ниту колку години имал малолетникот, кој требало да се ожени со девојчето, но некои израелски медиуми јавија дека станува збор за шеснаесетгодишник.

Според законите во Израел, стапување во брак е дозволено само за лица над 18 години.

Засега не е утврдено на која верска секта ѝ припаѓале организаторите на венчавката.

Спонзорирано: