24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Заев: Да се направи дистинкција меѓу учесниците во толпа и оние што организирале и учествувале во насилството на 27 април

Претседателот на Владата, Зоран Заев, рече дека очекува помирувањето да почне од таму каде што поделбата добила кулминација, а тоа се настаните од 27 април. На прашањето дали е разговарано за основите врз кои се поведени кривичните пријави за обвинетите во настаните, премиерот Заев рече дека тоа ќе им биде препуштено на правните и на правосудните тела кои ќе работат на следните чекори на целиот процес.

„Секако, знаеме дека црвените линии не смеат да се поминат. Многу е важно да не ни падне на памет да влијаеме на правосудниот систем затоа што знаете дека реформите во правосудството и независноста на правосудството се императив многу важни и заради интеграциските процеси во НАТО и ЕУ“, изјави премиерот Заев и уште еднаш нагласи дека ќе треба да се разграничи што е тоа учество во насилство, организација и осмислување од она што е тоа учество во толпа како резултат на заведување.

„Сите може да се согласиме дека терористичко загрозување на уставниот поредок не е нешто што треба да ги опфати сите. И не би сакал да навлегувам подетаљно, но само го кажувам како пример дека имаме потреба да направиме јасни дистикнции и разграничувања“, додаде премиерот.

Во денешната изјава за медиумите по учеството во работата на интерпартиската парламентарна група за интеграција, реформи и помирување при Собранието, Заев информира дека било разговарано и за процесот на евро-атлантските интеграции, кои сега преку расправата за уставните измени се во Собранието.

Спонзорирано: