11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вандали го нападнаа домот на министер

Група маскирани напаѓачи со боја и запалени автомобилски гуми ја нападнаа куќата на германскиот заменик-канцелар и министер за финансии, Олаф Шолц, во Хамбург, соопшти денеска германската полиција.

„Група од десетина маскирани напаѓачи најпрво пред куќата во која се наоѓа станот на вицеканцеларот Шолц, запалиле автомобилски гуми, а потоа кон куќата фрлале стаклени шишиња исполнети со црна боја“, наведува полицијата во Хамбург.

„Напаѓачите во моментов се во бегство“, пренесе агенцијата „Хина“.

Шолц е на мета на левичарските екстремисти поради острата политика кон демонстрантите, кои минатата година предизвикаа немири за време на Г-20 самитот одржан во Хамбург.

Куќата на Шолц е под постојана заштита на полицијата само кога министерот е во Хамбург.

Спонзорирано: