13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Со осврт кон творештвото на Горан Стефановски започнува македонската програма на саемот на книгата во Пула

Со едноминутно молчење за ненадејната смрт на македонскиот драматург Горан Стефановски, во присуство на добитникот на Нобеловата награда за литература Воле Сојинка од Нигерија и многубројни гости и посетители, вчера во Домот на хрватските бранители во Пула, Хрватска, свечено беше отворен 24. Саем на книга.

Годинава во рамките на регионалната програма на оваа меѓународна саемска манифестација чија тема е „Слобода“, во фокусот се Македонија и современата македонска литература претставена преку неколку наши реномирани автори, меѓу кои Никола Маџиров, Лидија Димковска, Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Шелева, Артан Садику, Љуљзим Хазири…

Како што информираат од Министерството за култура, програмата насловена „Македонија чита“ започнува вечерва (30. ноември) и ќе биде посветена на творештвото на Горан Стефановски односно на промоција на неговата книга „Одисеј и други драми“, публикувана од Хрватската универзитетска издавачка куќа, што е прв превод на хрватски јазик на овој истакнат македонски автор.

Саемот на книгата во Пула ќе трае до 9. декември.

Спонзорирано: