10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Слобода за чистачката од Грција која претходно беше осудена на 10 години затвор

Судот во Лариса во централна Грција нареди привремено ослободување на чистачката која беше осудена на 10 години затворска казна поради фалсификуван сертификат за завршено основно училиште со цел да ја добие работата.

Според наводите на адвокатот на 53-годишната чистачка, таа ќе биде слободна по одлуката на грчкиот врховен суд по упатената жалба против пресудата, пренесе АП.

Казната за жената наиде на остри критики во јавноста, поради што обвинител од врховниот суд покрена истрага за пресудата на понискиот суд.

Чистачката го напуштила основното училиште кога завршила петто одделение, а ја добила работа така што поднела сертификат за завршено шесто одделение, што е минимално образование за вработување на оваа позиција во државниот сектор.

Таа на почетокот беше осудена на 15 години затворска казна, а подоцна казната беше намалена на 10 години.

Спонзорирано: