17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, во работна посета на Бразил

Во рамките на работната посета на Бразил, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, денеска во Бразилија имаше средба со номинираниот министер за надворешни работи на Бразил, Ернесто Араужо, којшто ќе стапи на функција на 1 јануари 2019 година, со инаугурацијата на новоизбраниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, информираат од македонското МНР.

Димовски му честитал на именувањето на идниот министер Араужо и воедно изразил уверување дека ќе продолжи нагорната линија во развивањето на билатералните односи помеѓу двете пријателски земји. Димовски меѓу другото на идниот министер за надворешни работи на Бразил му ја пренесе и поканата од македонскиот министер, Никола Димитров, за посета на Македонија во првата пригодна можност.

Министерот Араужо ја подвлече важноста што Бразил ја придава на односите со земјите од нашиот регион и во тој контекст и со Република Македонија.

Заеднички беше искажано задоволството од особено конструктивната и блиска соработка во рамките на мултилатералните организации, со заедничка заложба истата да продолжи и во иднина.

Министерот Араужо истакна дека очекува интензивирање на економската соработка, со посебен акцент на овозможување директни контакти помеѓу бизнис-заедниците помеѓу двете земји.

Државниот секретар Димовски присуствуваше и имаше пригодно обраќање и на свечениот прием во македонската амбасада во Бразилија, приреден во чест на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето ипломатски односи помеѓу Македонија и Бразил, на кој присуствуваа високи претставници на бразилската влада, претставници на дипломатскиот кор и личности од јавниот и политичкиот живот на Бразил.

Спонзорирано: