9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Аврамопулус: Турција е сè поблиску до безвизен режим

Европската Унија вели дека Турција го исполнила најголемиот дел од критериумите зададени за земјата да добие визна либерализација.

Европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулус, изјави дека Турција е решена да ги исполни сите 72 зададени критериуми за да добие безвизен режим.

Според Аврамопулус, на Турција ѝ преостануваат уште само седум услови што треба да ги исполни и додаде дека земјата останува да биде клучен стратешки партнер на ЕУ.

Турција и ЕУ склучија договор за време на бегалската криза во март 2016, со кој се ограничува миграцијата преку Егејското Море и се преземаат строги мерки против трговија со луѓе, како и подобрување на условите на над 3 милиони сириски бегалци во Турција.

Со овој договор исто така се забрзува процесот за преговори за влез на Турција во ЕУ и укинување на визниот режим на турските граѓани во шенген-зоната.

Спонзорирано: