25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија им нуди пари на мигрантите кои добороволно ќе се вратат во својата родна земја

Германското Министерство за внатрешни работи одлучи преку рекламна кампања да го зголемува бројот на доброволци мигранти кои ќе прифатат да се вратат во својата родна земја, објави „Раша тудеј“.

Министерството, предводено од баварскиот сојузник на канцеларката Ангела Меркел, Хорст Сихофер, одлучи да ги намами потенцијалните репатрианти со наводно светла иднина што ги чека во нивните матични земји, како и еден вид бесплатни подароци ако се согласат доброволно да си одат дома.

Секој доброволец вообичаено добива околу 1.200 евра од германските власти, но како што пренесуваат германските медиуми, според новата програма, тие би можеле да добијат и над 3.000 евра. Како што е наведено, за возврат бегалците треба да ги вратат своите барања за азил и да се откажат од понатамошни правни постапки за да останат во Германија.

Невообичаениот потег очигледно беше поттикнат од брзиот пад на доброволци кои прифатиле да се вратат дома оваа година меѓу мигрантите и барателите на азил. Во 2017 година, 29.000 луѓе се приклучиле на програмите за доброволно враќање, но оваа година оваа бројка драстично паднала на само 14.000 до крајот на октомври.

Рекламите, поставени на билбордите во големите германски градови, покажаа весела парола која гласи: „Вашата земја! Вашата иднина! Сега! ”

Нудењето пари на оние мигранти кои доброволно ќе сакаат да се вратат во своите домови всушност не е нешто ново во Германија. Со овој проблем Германија се соочува од 2015 година, кога канцеларката Меркел ја објави нејзината непопуларна политика на отворени врати. Во 2017 година Берлин понуди надомест за отфрлените бегалци кои нема да се борат против депортацијата.

Спонзорирано: