11.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган одвоено разговарал со Путин и Порошенко

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, имал одделни телефонски разговори со рускиот и украинскиот колега, Владимир Путин и Петро Порошенко, и ги повикал да ги решат тензиите меѓу двете земји преку дијалог и дипломатија, изјавил извор од канцеларијата на турскиот претсдедател.

Ердоган отворено разговарал со претседателите на Русија и Украина за тензиите во Црното Море, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Руската агенција ТАСС пренесува соопштение на Кремљ во коe се наведува дека Путин и Ердоган разговарале во контекст на опасниот инцидент предизвикан од Киев во теснецот Керч, како и по прашањата за стабилност и безбедност во Црното Море.