6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Поради магла намалена видливоста на Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози, а слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинскиот превој Стража и во Маврово, соопштија од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ велат дека на планинскиот превој Плетвар поради појава на магла намалена е видливост до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, како што информираат од АМСМ е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Од АМСМ исто така информираат дека патниот правец Р 2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р 1307 Царина – врска со А 3 и Р 1301 – Трпејца), од 15 ноември годинава па се до 1 април следната година ќе биде затворен за сообраќај за сите видови возила.

Оттаму исто така потсетуваат и дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба и дека оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Спонзорирано: