10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Собранието му го одзеде имунитетот на Груевски

Линк до видео:Пратениците со 62 гласа „за“ изгласаа да му се одзеде имунитетот на пратеникот Никола Груевски. Во салата не беа присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а преостанатите, без дискусија, изгласаа да му биде симнат имунитетот постапувајќи по барањата од кривичниот суд, кој бара притвор за Груевски. Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ, кој беше присутен во салата, не гласаше на седницата.

Ниту еден од пратениците не гласаше „воздржано“ и „против“. Поканет на седницата беше и претседателот Ѓорге Иванов, кој не се појави. Пратениците гласаа за шест барања за притвор, кои стигнале од кривичниот суд до Собранието.

За одземањето имунитет беа потребни најмалку 61 глас ,,за”.

Претходно, пратениците се обидоа да му го одземат и пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски, но не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство.

По бегството на Груевски, претседателот на Собранието во координација со пратеничките групи одлучи по шест месеци неоправдано отсуство, да се обидат уште еднаш да му го одземат мандатот. Дотогаш Груевски ќе зема намалена пратеничка плата.

Спонзорирано: