Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обид за убиство го потресе Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави oбвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот се товари дека на 2 септември годинава, во семејниот дом, со умисла се обидел да ја убие својата девојка со која живеел, соопштија од ОЈО.

„Тој ја разбудил оштетената и по кратка расправија, за која мотивот бил љубомора, ѝ се заканил со зборовите ‘вечерва мора да умреш’. Потоа со кујнски нож ѝ нанел тешка телесна повреда во вид на убодна рана во пределот на слабинската регија, со конкретна опасност по нејзиниот живот“, стои во соопштението на обвинителството.

Оттаму додаваат дека ценејќи дека сè уште се исполнети условите поради кои на осомничениот му беше определена и мерка притвор, а особено опасноста тој да се даде во бегство и можноста да го повтори кривичното дело или да го доврши обиденото кривично дело, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка.