14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најнова вест: Вечерва Украина прогласи воена состојба

Веечерва претседетелот на Украина Петро Порошенко изјави дека поднел резолуција за прогласување воена состојба по инцидентот во Азовско Море, каде што руската војска заплени украински бродови поради, како што рече, нарушување на руските територијални води.

Според информациите на медиумите Украина тврди дека нејзините бродови дека пловеле во неутрални води.

Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина (НСДЦ) го поддржал прогласувањето воена состојба во текот на 60 дена.

Украинскиот лидер рече дека Киев не планира да спроведува никакви офанзивни операции ако се прогласи воена состојба.

Прогласувањето воена состојба може да доведе до масовна и задолжителна воена служба, рестрикции во медиумите и јавни демонстрации и суспендирање на изборите, меѓу другите мерки,пренесуваат украинските медиуми.