19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Вечерва не чека промена: Ќе возиме со драстично поевтини горива?

Слободниот пад на цената на суровата нафта, дава надеж дека денеска ќе биде соопштена нова цена на горивата која ќе биде драстично поевтина од претходно.

Тоа за возачите во Македонија се одлични вести.

За помалку од 2 недели, цената е пониска за 10 долари за еден барел, што најавува можно огромно или историско намалување на малопродажните цени на горивата во Македонија.

Поевтинување имаше пред 2 недели и тоа од 3 до 4,5 денари по литар во зависност од горивата.

Цената на горивата се очекува да биде соопштена денеска напладне, вообичаено како и секоја втора недела кога Регулаторната комисија за енергетика ги утврдува најновите цени на горивата.

Спонзорирано: