11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата светна во портокалово: Таму беа премиерот Заев и сите министри, што се случуваше пред владината зграда?

По повод светскиот ден за борба против сите форми на насилство врз жените 25 ноември, зградата на Владата е осветлена во портокалово, која е симбол на оваа борба.

,,Владата на Република Македонија цврсто стои зад заложбата за нулта толеранција спрема секоја форма на насилство врз жените и девојките. Неодамна ја ратификувавме Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, а минатиот месец го усвоивме Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на конвенцијата. Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кое се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на тоа”, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.