11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Москва се закани: Киев ќе се соочи со последици по инцидентот кај Керч

Официјална Москва упати предупредување до Киев за можни последици со кои ќе се соочи по обидот за провоцирање конфликт, откако украински бродови нелегално влегоа во руските територијални води, пренесе „Раша тудеј“.

Русија се закани дека силно ќе одговори со слични провокации.

Акциите на украинската морнарица ги прекршиja правилата за премин преку руските територијални води, се вели во реакцијата на руското МНР, во кое се додава дека Москва повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН за да се разговара за инцидентот.

“Русија во неколку наврати го предупреди киевскиот режим и неговите западни поддржувачи кои ја разгоруваат хистеријата над Азовското Море и теснецот Керч. Очигледно е дека имаше провокација, внимателно планирана во однос на локацијата и формата, која има за цел да запали уште една точка на конфликт во регионот и да создаде нов изговор за да се наметнат повеќе санкции против Русија” се наведува во соопштението на руското МНР.

Москва го обвини Киев дека го искористил инцидентот за да го оправда објавувањето на воениот закон, од кој, според Москва, придобивки има само украинскиот претседател Петро Порошенко пред изборите во март, на кои Порошенко се обидува повторно да се кандидира за реизбор

Претходно шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, рече дека провокацијата во теснецот Керч очигледно е дека е изведена под директна наредба на украинските власти.

Тој истакнал дека украинската страна, кога ја планирала оваа провокаиција, сигурно пресметала дополнителна корист, која сакала да ја извлече од оваа ситуација, очекувајќи САД и Европа слепо да ја поддржат, како и секогаш.