3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Стоилковски: Апелација да се издигне над политичкиот прогон и да ги отфрли одлуките за притвор

Апелациониот суд утре мора да ги земе предвид фактите на одбраната на Миле Јанакиески и Кирил Божиноски, и да донесе решение во кое ќе ги отфрли одлуките за нивен притвор базирани врз фингирана службена белешка од УБК, класифицирана како „строго доверливо“, рече на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што исткна тој, утре во апелациониот суд се одлучува дали Република Македонија ќе остане да тоне во мрачното транзициско минато од 90-тите, или судот има сили да се издигне над политичкиот прогон.

„Утре ќе се знае дали Република Македонија воопшто има сили да напредува или ќе потоне подлабоко во црниот систем во кој слобода или притвор се инструменти на црниот систем за политички пазар и криење на неспособноста. Апелационите судии ја имаат пред себе одговорноста да не дозволат судот да биде играчка на неспособниот Зоран Заев и неговиот тим за злоупотреба на државната безбедност, играчка за нивните злодела, за политичкиот терор“, нагласи Стоилковски.

Тој додаде дека апелациониот суд има одговорност со која не само што ќе се дозволи Јанакиески и Божиновски да се бранат од слобода, онака како што и до сега го правеа тоа, туку и ќе се внесе трошка светло во црниот правосуден систем.

„Тој зрак ќе даде надеж дека слободата и правосудството нема повеќе да бидат дел од селективниот политички пазар. Таква одлука на апелационите судии ќе значи и дека власта не смее и ќе мора да одговори за злоупотребите на службите за безбедност“, порача партискиот портпарол.

Спонзорирано: