17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

За сите прилики: Царска чорба

Исклучително здрава чорба, идеална за секој ден, како и за неделниот ручек или било која друга значајна прилика.

Состојки:

пилешко за супа (остатоци);десетина ситни цветови карфиол;2 моркови исечкани на кругови;1 главица кромид;1 чешне лук;2-3 супени лажици гриз;2 јајца;2 лажички сол;малку вегета ;1/2 лажичка ѓумбир или малку бибер (по желба)

Начин на подготовка:

Пилешкото и кромидот ставете ги да се готват во околу 3 литри вода. Пред крај додајте брокули, карфиол и моркови, додајте сол, ѓумбир и вегета. Гответе додека не омекнат. Кога сè ќе биде зготвено извадете ги месото и кромидот. Месото исчистете го од коски, исечкајте го ситно, па вратете го во чорбата.

Во меѓувреме со вилушка разматете јајца со 2 лажици гриз, па смесата разредете ја со малку течност од чорбата, па полека со мешање ставете ја повторно во чорбата. Гответе уште околу 3 минути – и царската чорба е готова.

Добар апетит!