19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Ролни со виршли и готови кори

Не треба ништо да месите за да добиете фино печиво со виршли. Ќе ги направите подеднакво добро како и да сте ги меселе.

Состојки:

5-6 виршли;500 гр тенки кори;2 дл јогурт;3 јајца;5 лажици брашно;1 прашок за печиво;1 дл масло;1 лажичка сол

Начин на подготовка:

Разматете јајца, додајте јогурт, масло, сол, брашно, прашок за печиво. Кога масата ќе стане глатка како за палачинки, земете една кора, премачкајте ја со намазот, преклопете ги страните кон средина, повторно премачкајте и уште еднаш превиткајте да добиете една лента. И неа премачкајте ја тенко па на крај ставете половина виршла, свиткајте и редете на намастена тепсија па оставете да отстои додека рерната се загрева. Секоја премачкајте ја со остатокот од преливот и печете на 220 степени.

Печените виршли прекријте ги со крпа, и веќе после 10-15 минути можете да ги послужите.

Добар апетит!

Спонзорирано: