5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Домашен ладен чај – без варење

Не е потребно да ја зовриете водата како би уживале во ароматичните вкусови на омилениот чај!

Состојки:

1 л вода; 4 филтер вреќички или 4 лажички чај; додатоци по избор (мед, нектар од агава, сок од лимон или друг овошен сок, листови мента, зачини…)

Начин на подготовка:
Водата на собна температура ставете ја во тегла или поголема шолја па додајте чај. Теглата или шолјата поклопете ја и оставете ја во фрижидер 6 до 12 часа. Отстранете ги филтер вреќичките или листовите чај па засладете по вкус и, ако сакате, измешајте сок од лимон или некој додаток.

Дел од водата (на пример четвртина) можете да ја замените со овошен сок, па чајот оставете го да отстои во таа мешавина. И зачините и свежите зачински билки можете да ги додадете пред да го оставите чајот во фрижидер, па нивниот вкус ќе биде поинтензивен.

Уживајте!

Спонзорирано: