14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меј: ЕУ нема да понуди подобар договор за брегзит

Европската Унија нема да преговара за нов договор за брегзит, доколку британскиот парламент не ја одобри сегашната верзија, рече британската премиерка, Тереза Меј.

„Верувам дека ако се свртиме кон Европската Унија и речеме ‘добро, не ни се допаѓа овој договор, дали можеме да се согласиме за нов?’, не мислам дека ќе прифати и рече ‘ќе ви дадеме подобар договор’”, рече Меј за време на нејзиното гостување на радио, каде што одговораше на прашања на слушателите.

На често поставуваните прашања дали ќе поднесе оставка ако британскиот парламент не го прифати договорот за брегзит, на гласањето кое се очекува во декември, Меј изјави дека е фокусирана на тоа договорот да помине, а не на сопствената политичка иднина.

Спонзорирано: