25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Кина: Убиен еден студент, десетина други се ранети

Вооружен маж отворил оган на техничкиот институт во југозападната кинеска провинција Јунан и при тоа убил еден студенет, а ранил 11 други, објавија кинеските власти.

Тамошните власти на социјалната мрежа „Веиб“ напиша дека 20-годишно момче, кое се презива Јанг, ранил 9 студенти и двајца професори, меѓутоа не соопштија какво оружје точно користел напаѓачот.

Властите исто така посочија дека го испитуваат случајот.

Насилните злосторства се ретки во Кина, особено во големите градови каде што безбедноста е силна. Иако во последните неколку години се забележани серии напади, тие сепак не се секојдневие, пишуваат тамошните медиуми.