5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Богата ЛАЖНА ПИТА на која нема да можете да и одолеете!

Оваа брза пита се нарекува „лажна“ бидејќи се прави од готови кори…

Состојки:

500 гр кори за пита
500 гр сирење
3 јајца
1 шолја јогурт
1 шолја минерална вода
1/2 шолја масло
3 лажици пченкарен гриз
Начин на подготовка:

Разматете јогурт, кисела вода, јајца, сол, масло и гриз во една длабока чинија.

Одвојте 3 кори за пита. Богато премачкајте ја првата кора со овој фил, па на неа изгужвајте две кори и преку прелијте со малку фил, а потоа додајте и ситно сирење, па сè свиткајте во ролат. Ставете во тепсија па продолжете да правите мали ролати од кори и сирење.

На крај секоја кора премачкајте ја со остатокот од течниот фил, а по желба можете да додадете и сусам.

Добар апетит!